Почетна Вести

Студентски пленум: Спремни ли сме да го покажеме револтот повторно, но и поинаку?

Откако претседателот на државата, Ѓорге Иванов, не стави вето на новите законски измени во високото образование, Студентски пленум на својата Фејсбук страница најави искажување на револт, но на поинаков начин од досегашниот.

„Ниту државнички, ниту професорски потпис на указите со кои се носат срамните измени во законот за високо образование.

Студенти спремни ли сме да го покажеме револтот повторно но и поинаку?“, напишаа студентите.