Почетна Струмички маабет

Бугаринот Иво Јонков го фати крстот во Струмица (Галерија)

По десетина минути барајќи го крстот во водите на базенот„ Аквариус“ во Струмица, светиот крст го извади 23-годишниот  Иво Јонков, од  Република Бугарија. Од дваесетина учесници, годинава имаше пријавено и гости од Бугарија, кои токму тие имаа среќа да го фатат светиот крст.

„Ние сме од градот  Русе, северна Бугарија,  и дојдовме тројца . Слушнавме за традицијата и решивме да пробаме  да го фатиме крстот, во водите во Струмица“, рече Јонков.

„Јас  учествувам на оваа традиција веќе неколку години. Во Бугарија го имам фатено крстот, ете сега имавме среќа да го извадиме и од водите во Струмица. Пред неколку години исто така  го фатив крстот и во Истанбул, Турција. Ги поздравувам сите Македонци и им посакувам многу успешна година“, изјави Тодор Спасев, еден од тројцата учесници од Бугарија.

На среќниот Иво, кој успеа да го фати крстот пред стотиците граѓани што присуствуваа на манифестацијата, подароци му доделија општината, како и неколку приватни фирми.

Претходно, традиционално централната манифестација се одржа во црквата Св. Кирил и Методиј, со почеток во 10.30 часот.

Годинава сите оние кои што сакаа да го фатат крстот на Водици,  мораа да бидат на возраст од 13 до 33 години, и да се од православна вероисповед.

[juicebox gallery_id=”241″]