Почетна Вести

Студентски пленум се приклучува на протестот против пресудата за Кежаровски

Студентски пленум на својата Фејсбук страница објави дека го поддржува протестот против пресудата за новинарот Кежаровски, што ќе се одржи во вторник во 12 часот пред Апелационен суд.

„Неутралноста му помага на угнетувачот, никогаш на угнетуваниот. Молкот го охрабрува мачителот, никогаш мачениот.

Во држава што си ги затвора новинарите не можеме да очекуваме слободни и непристрасни медиуми,се наведува на

Граѓани, заземајте страни! Ајде на улица!“, порачуваат од Студентски пленум.

Претходно поддршка за протестот дадоа новинарските здруженија, Професорскиот пленум, Советот за етика во медиумите на Македонија, опозициски политички партии, невладини организации и граѓани.