Почетна Шаренило

Евро-визија: Конкурс за „Карневалски слики 2014“

До крајот на месецот секој кој има фотографија од последната едиција на карневалските денови во Струмица може да учествува на конкурсот за карневалска фотографија.

Фотографиите можат да се испраќаат на email адресата на Здружението „Евро – Визија“ evro_vizija@yahoo.com кое ги промовира културните, традиционални, естетски и мултиетнички вредности. Ова е петта година по ред да се организира конкурсот за „карневалски слики“ со кои се промовира и афирмира дополнително идејата на струмичкиот карневал, а оваа година се очекува да пристигнат уште повеќе заинтересирани фотографи.

Потребно е да се испрати фотографија на која има дел од атмосферата од минатата година со лични податоци како би биле во можност да стапат во контакт со Вас членовите на жирито и на здружението „Евро – визија“. Од здружението ветуваат убави награди!

Повикот за испраќање на фотографија е отворен до 31 јануари 2015 година (сабота).