Почетна Струмица Њуз

Два натпревара на Зомимак-М на домашен терен

Во четврток (11.12.2014) во 18.30 часот во спортската сала на СОУ„Димитар Влахов” – Струмица, ќе се одигра заостанатиот првенствен натпревар од десеттото коло од ракометната Супер лига помеѓу екипите на РК Зомимак-М и РК Пелистер од Битола.

Екипата на Зомимак-М во сабота(13.12.2014) ја очекува уште еден натпревар, воедно и последен натпревар на домашен терен за календарска 2014 година, против екипата на Работнички од Скопје. Овој натпревар е со почеток од 18.00 часот во спортската сала на СОУ„Димитар Влахов”.

И за двата натпревара влезот е слободен.