Почетна Животинки

Вака децата сакаат: Девојче внело теле во домот (Видео)

Петгодишното девојче Бреана сосема случајно во својот дом создала сцена од Дизниевите филмови. Девојчето дома довела теле по име Изи, малку да прилегне и да се загрее! Ваква глетка ретко се гледа, затоа уживајте!

Кога мајката на девојчето, Били Џо Декер, се вратила од работа и влегла во собата, имала што да види! Го затекнала своето дете како се гали со телето, кое било мирно. Кога мајката ја прашала својата ќерка што бара телето во нивниот дом, таа раскажала многу креативна лага…Бреана рекла дека вратата била отворена и дека телето само влегло внатре.

Мајката ја снимила нејзината детска слатка лага, а вистината е дека таа сама го довела телето во дневната соба!

„Телето Изи е родено до мочуриште, кое за малку не се удавило и не смрзнало од студ. Немало многу шанси да преживее, бидејќи имаше воспаление и вода во белите дробови. Изи навикна на човечки допир, бидејќи како бебе ја раневме со цуцла. Кога пристигна кај нас имаше само неколку денови и јас без страв ја пуштив мојата ќерка да се зближи со Изи.

Иако неколку пати и објаснив дека телето не смееме да го пуштаме дома, мојата ќерка ја прекрши забраната. Сепак, кога ги видов како се прегрнуваат и галат, немав срце да се налутам на моето дете“, раскажува мајката на Бреана.

Инаку, покрај кравата лежи и нивниот домашен миленик – кучето.

Уживајте во видеото кое го имаат погледнато околу 3 милиони луѓе.