Почетна Струмица Њуз

Комуналец собра 86 метри кубни отпад после фестивалот

По завршувањето на третото издание  на „Струмица опен фестивал 2014“, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ има полни раце работа. За време на  трите музички вечери подигнати се вкупно 86 метри кубни комунален отпад.

Во изминатите два дена се миеше, а денеска почна генералното чистење на градскиот плоштад во кое покрај екипите на „Комуналец“ е вклучена и територијалната противпожарна единица на Струмица. Според Бранко Ѓоргиев, раководител на работната единица „Чистота“ при ЈПКД „Комуналец“, плоштадот ќе се чисти со специјално средство за чистење на гранитни површини и ќе се врши комплетна дезинфекција, а ќе се дезинфицираат и местата околу плоштадот.

Генералното чистење ќе продолжи и утре поради големата површина на плоштадот кој беше преполн со посетители на трите завршни вечери на „Струмица опен фестивал.