Почетна Струмица Њуз

Демолиран штаб на СДСМ во Струмица (Фото)

Синоќа околу три часот по полноќ  непознати лица ги искршиле стаклата на штабот на  4-тата месна заедница на СДСМ – Струмица. Сопственикот на објектот Александар Босиљанов, рече дека  ги видел двајцата сторители кои побегнале и веднаш пријавил во полицијата.

„Полицијата  утврди дека има искршени стакла, но не го зедоа шишето со кое им посочив дека е скршено предното стакло од објектот. Тие зедоа камења кои воопшто нема да покажат траги. Беа двајца, од кои едниот го препознав, а истите им се добро познати на полицијата. Јас тие деца ги пријавив уште пред две недели  кога на другиот штаб направија штета во кој беше искршен инвентарот“, вели Босиљанов.

Тој истакна дека пред да се случи демолирањето  слушнал  како група  деца,  за кои не знае дали се истите,  извикувале „Смрт за комунистите“.

Претходно во периодот околу Нова година, група од неколку лица  ги скршиле стаклата  на малиот штаб кој се наоѓа веднаш до салата за состаноци каде била направена синоќешната штета.  Босиљанов изјави дека  го има пријавено случајот,  но сеуште нема добиено извештај од полицијата.

[juicebox gallery_id=”21″]