Почетна Струмица Њуз

Зомимак-М по втор пат убедливо поразен од Монпелје

Францускиот фаворит Монпелје во Струмица рутински го совлада Зомимак-М со 32-19. Победата на гостинската екипа  не беше доведена во прашање ниту во еден момент,  само прашење беше со колку позитива ќе заминат од Струмица,  нанесувајќи му го и вториот пораз на домаќинот или вкупно петти од исто толку одиграни натпревари во ЕХФ Купот.

На полувреме Зомимак-М отиде со 6 голови негатива, но во вторите 30 минути Французите ја дуплираа и на крај таа разлика беше плус 13 во нивна корист. Струмичани пружија отпор колку што можеа, а трибините и денеска како и  на претходниот натпревар со Спортинг од Лисабон не беа полни. Местото предвидено за струмичките ајдуци беше празно.

Најефикасен во составот на Зомимак М беше Чантурија со 5 и Караиванов со 4 гола, додека кај Монпелје најпрецизни беа Гајиќ со 6 и Кавтичник и Грабиј со по 5 погодоци.

Последниот натпревар на Зомимак во ЕХФ Купот ќе биде во Данска на реванш натпреварот против Скјерн, екипа со која струмичките рисови беа најблиску до позитивен резултат.

[juicebox gallery_id=”100″]