Почетна Вести

Денеска почнува пролетта

На северната Земјина хемисфера денеска во 17.57 часот почнува пролетта, која ќе трае до 21 јуни.

Во исто време за жителите на јужната Земјина хемисфера започнува есен.

На првиот ден од пролетта должината на денот и ноќта се изедначуваат. А кога ќе стигне пролетта, тоа значи и дека ќе поминеме на летно сметање на времето. Тоа почнува во ноќта помеѓу 29 и 30 март, кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред.

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево. Во претпладневните часови ќе дува умерен северен ветар, кој попладне постепено ќе стивнува.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 Целзиусови степени, а дневната меѓу 16 и 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб северен ветар. Утринската температура се спушти до 2 Целзиусови степена, а дневната ќе се искачи до 19 степени.