Почетна Струмица Њуз

ВМРОВСКИОТ ПРАТЕНИК ШТО ГО БРАНЕЛ ГРУЕВСКИ ОД ЉУБЧО, ИЗГРАДИЛ ХОТЕЛ ВО ЛУКСУЗЕН КВАРТ ВО БЛАГОЕВГРАД!

Премиерот Никола Груевски, шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, министрите Зоран Ставревски и Гордана Јанкуловска, како и пратениците од првите собраниски клупи Влатко Ѓорчев, Илија Димовски, Силвана Бонева, се „џуџиња” во споредба со пратеникот Васил Пишев, по прашањето колку официјално тежи нивното ќесе, пишува Фокус.

Иако Пишев важи за повлечен и мирен народен избраник кој најчесто се јавува за збор кога реплицира, неговото имотно досие е прилично импозантно.

Од она што Пишев пријавил до антикорупционерите како официјална имотна состојба, произлегува дека поседува земјоделско земјиште во Струмица во вкупна вредност од девет милиони денари, земјоделско земјиште во Гевгелија во вредност од еден и пол милион денари, како и земјиште во Дојран од половина милион денари. Исто така, има куќа и двор во родниот град од 28,5 милиони денари и стан во Скопје од пет милиони денари. Притоа, на свое и на име на брачниот другар навел четири моторни возила, сопственички удели во исто толку фирми и низа банкарски депозити, иако билансот малку го пореметува еден долг во форма на кредит.

Целиот текст можете да го прочитате овде