Почетна Вести

Анкета: Пендаровски со 30 отсто пред Иванов

Според истражувањето на ЦИГ, популарноста на кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски е далеку поголема од таа на Ѓорге Иванов. Истражувањето е правено на 2400 испитаници.

Непопуларноста на Иванов се должи на неговата безличност и лошиот вокабулар кон медиумите и јавноста, барем така одговориле граѓаните кои се опфатени со анкетата.

Најмногу Пендаровски го препознаваат како соработник на Борис Трајковски и неговата популарност се должи на неговите јасни ставови по сите проблеми во Македонија.

Според ова истражување, Пендаровски може да победи во првиот круг со освоени над 380.000 гласови.

„Резултатите се далеку поразлични од она што го имаат партиите на власт и опозицијата вели“, Ана Канга, директорот на ЦИГ за Македонија.

Според истражувањето на ЦИГ, ВМРО-ДПМНЕ не може да испорача повеќе од 320.000 гласови за Иванов. Кандидатот на ДПА се очекува да освои од 30 до 35.000 гласови ,а кандидатот на ГРОМ, Поповски, не повеќе од 15.000 гласови.