Почетна Струмица Њуз

Зомимак-М поразен од Спортинг

Екипата на Зомимак-М денеска на домашен терен доживеа висок пораз од португалскиот Спортиниг ((24:36), со што „рисовите“ остануваат без освоен бод во Купот на ЕХФ.

Дополнителен проблем за струмичкиот тим беше повредата на неколку важни играчи, па така Спортинг уште на самиот стартот го најави триумфот (13:20).

Најефикасни во редовите на Зомимак-М беа Александар Англовски и Јовица Младеновски, кои постигнаа по седум гола, а во противничкиот тим Фортелја со 12 погодоци.