Почетна Вести

Влатко Костов кандидат за претседател на ФФМ

Влатко Костов е новото име за функцијата претседател на ФФМ кое кружи низ јавноста како најсериозен кандидат по оставката на досегашниот Илчо Ѓорѓиоски. Штипјанецот во својата кариера има работено во повеќе клубови како Брегалница, Осогово, Сааса, Турново, Работнички, Влазрими, а надвор од државата во тимот на Ал Реад од Саудиска Арабија.

По ваквите информации Костов вели дека ќе се кандидира за функцијата претседател на Фудбалската Федерација на Македонија и се надева како што појаснува дека ќе помогне да застане фудбалот на здрави нозе. Костов во своите изјави додава дека очекува фер и коректна борба од сите кандидати за функцијата прв човек на ФФМ и дека позицијата треба да се добие со програма и доверба.