Почетна Спорт

ФК МАК –СТРУМИЦА ЈУНИОР од првиот меѓународен турнир се врати со пехар

Младите фудбалери на Мак-Струмица од генерацијата 2004 го завршија првиот меѓународен турнир, Сандански Куп во Република Бугарија. По само шест месеци постоење на клубот, во група  со екипите на ФК Мињор Перник, ФК Спартак Плевен и ФК Пирин Благоевград,  младите фудбалери на Мак-Струмица учеството на турнирот го завршија со една победа и три порази. Од клубот велат дека за нив турнирот е огромно искуство.

„ Секогаш мора од некаде да се почне, ние го избравме турнирот Сандански Куп во Р. Бугарија. Знаевме дека  нашите противници се веќе искусни и силни екипи, но тоа ни беше уште поголема сатисфакција. Тоа за нашите деца е огромно искуство, се натпреварувавме во генерација 2004, но во нашите редови имавме и деца од генерациите 2005/06. Нашата цел уште пред турнирот не беше резултатот, но сепак на крај успеавме да издвојуваме и победа над екипата на Спартак Плевен со резултат 2:1. Изгубивме од ФК МИњор Перник и ФК Пирин Благоевград кои беа и шампиони во нашата група. Задоволен сум од прикажаното на теренот од сите и сигурен сум дека овој турнир ќе значи поголема сигурност и самодоверба кај нашите млади фудбалери, вели тренерот, Томе Христов .

Како дебитант го привлековме  вниманието на турнирот со победата над Спартак Плевен, а од организаторот го добивме и првиот пехар за учеството на нашиот  клуб, велат од клубот.  Мак-Струмца во иднина ќе зема учество на на два нови силни турнири во Грција и Бугарија, како и многу натпревари во Македонија. Веќе од месец Март ќе започнат со нови уписи на нови членови и проширување на клубот.