Почетна Вести

Поскапуваат горивата од полноќ

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 67,50 денари за литар, на „евросупер БС-98“ – 69,50 денари, а на „евродизел (Д-Е V)“ – 60,50 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство исто така ќе се зголеми еден денар – 49 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,539 денари за килограм и од ноќеска на полноќ ќе изнесува 29,906 денари за килограм.