Почетна Струмица Њуз

Ограбена адвокатска канцеларија во Струмица

Тешка кражба која се случила ноќта помеѓу сабота и недела на улицата „Ленинова“, во адвокатска канцеларија на Ж.Л.(57), непознат сторител извршил тешка кражба, информираат од СВР Струмица.

Сторителот кој насилно ја отворил влезната метална врата, одзел околу 70.000 денари, 20.000 евра, еден рачен машки часовник, пиштол марка „ЦЗ“ калибар 9мм и црна ташна во која имало 3.000 евра, 5.000 денари, златен и сребрен накит по што го напуштил местото на настанот.

Од СР Струмица се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.