Почетна Спорт

Ангела Стојковска е новото засилување во ЖФК Тиверија

ЖФК Тиверија Струмица го претстави најновото засилување. Станува збор за досегашната капитенка на битолскиот клуб ЖФК Атлетико – Ангела Стојковска (20).

Од клубот велат дека станува збор за одлична фудбалерка која покрај Атлетико има настапувано и за ЖФК Конзули од Битола.
Зад себе има официјални 79 настапи и 47 постигнати голови.

„Се надевам дека ќе го освоиме првото место со Тиверија и ќе станеме шампиони на Македонија. Во Струмица дојдов да напредувам во кариерата, а за Тиверија мислам дека е премногу добар и организиран клуб и сите девојки го оставаат срцето на терен за успех на клубот, изјави Стојковска.