Почетна Струмица Њуз

Пријавувањето за Водици започна

Сите заинтересирани крстени православни и полнолетни граѓани на возраст од 18 до 33 години од Струмица кои сакаат да земат учество во чинот на полагањето на крстот во водите на градски базент ” Аквариус” во Струмица, најдоцна до 18 – ти Јануари ќе можат да се пријават во просториите на Храмот „Свети Кирил и Методиј” во Струмица.

На 19.01.2018 – Богојавление во 12 часот Светиот Крст ќе биде спуштен во осветените води на градски базент  „Аквариус“