Почетна Инфоград

Јавен повик за спорт и тренери

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10 и 1/15), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
за дотација за тренери во спортските клубови

Со овој Јавен Повик за предвидува финансиска поддршка за 10 (десет) тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Струмица. Финансиската поддршка трае до крајот на тековната 2018-та година, односно 10 месеци.
Финансиската подршка е обезбедена во рамките на Буџетот на општина Струмица за 2018 година, во програмата за спорт (L0).
Право на учество имаат спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство), и тоа:
– Фудбал: Прва, втора, трета лига и младински категории*
– Кошарка: Прва, Втора лига и младински категории*
– Одбојка: Прва лига и младински категории*
– Ракомет: Прва, втора лига и младински категории*
– Останати спортови: Прва лига, втора лига, младински категории*

* Кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство)

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
За спортските здруженија и други правни лица:
1. Клубот да е формиран на територијата на Општина Струмица (клубот доставува тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија)
2. Решение за вршење на дејност спорт од Агенција за млади и спорт
3. Потврда од соодветната федерација или сојуз за докажување на рангот на натпреварување. (1ва, 2-ра лига, младинска лига и тн)

За тренерите во спортските здруженија и други правни лица:

1. Тренерот кој аплицира да е невработен
(потврда од АВРМ дека не е во работен однос)
2. Фотокопија од лична карта
3. Потврда за завршено образование
4. Приложена лиценца за работа од соодветната федерација (доколку ја има)
4. CV – Биографија
5. Мотивациско писмо

Рок и начин на доставување на пријавите
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 25.01.2018 година (Четврток) до 16 часот. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица
Ул.„Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица

На пликот треба да стои ИМЕ И ПРЕЗИМЕ „НЕ ОТВАРАЈ“ со назнака за LО (СПОРТ – ТРЕНЕР)
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
КОСТА ЈАНЕВСКИ

Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник на Општина Струмица бр 5/06), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

До спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица. Јавниот повик е во рамките на програмата за спорт (L0) за респределба на средства од Буџетот на Општина Струмица за 2018 година.

Право на учество
– Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот.

– Субјектите мора да се формирани и делуваат на територијата на Општина Струмица.
– Kлубовите /спортски здруженија за кои од Советот на општина Струмица е одредена Дотација по Програмата за активностите во областа на спортот и млади во 2018 година немаат право да аплицираат на овој Јавен Повик.
Основни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
– го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.
– ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;
– го организираат и спроведуваат системот на натпревари
– се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри
– се грижат за унапредување на младите категории
– да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.
Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:
– Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за тековната 2018 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Струмица за минатата 2017 година;
– Формулар за аплицирање (ПРИЈАВА) кој може да се подигне од општина Струмица или од ВЕБ страната на општината www.strumica.gov.mk.
– Прилози, фотографии, награди и др.
Рок и начин на доставување на пријавите Крајниот рок за поднесување на пријавите е 25.01.2018 година (Четврток) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:

Општина Струмица
Ул.„Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица

На пликот треба да стои „ИМЕТО НА КЛУБОТ“ (НЕ ОТВАРАЈ) со назнака за LО (Спорт)
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Апликантите кои ќе дадат лажни податоци во формуларот за аплицирање (пријавата) и останатите документи ќе бидат одбиени без право да аплицираат во наредните 2 години.
ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
КОСТА ЈАНЕВСКИ