Почетна Спорт

КК Струмица декласирана во Охрид

Во првиот овогодишен натпревар во домашното првенство кошаркарите на АВ Охрид рутински славеа над екипата на Струмица 103-61. Со оваа победа македонскиот претставник во АБА Втората лига се искачи на шестата позиција  на табелата која води во плеј-офот, а Струмица останува закована на дното со само една победа и 11 порази.

Во текот на целиот натпревар доминираа домаќините за на крај да слават убедлива победа од 42 поени разлика. Најпрецизен кај домашните беше Јунаковиќ со 18 поени, додека кај Струмица се истакна Делипетров со 24 поени.