Почетна Струмица Њуз

Казни за фирмите загадувачи во Струмица

Инспекциските служби во Струмица кај повеќе фирми откриле прекршувања на законската регулатива за заштита на животната средина, пишува Макфакс.

Дел од струмичките стопанските субејекти користеле недозволени енергенси за огрев кои придонесувале за зголемување на аерозагадувањето и против нив се поведени управни-инспекциски постапки.

„Овластените инспектори, согласно нивните надлежности од законот на животна средина и закон за управување со отпадот, како и законот за јавна чистота, спроведува повеќе инспекциски контроли, при што кај неколку субјекти се констатирани неправилности при користење на недозволени енергенси за огрев кое придонесува за зголемено аерозагадување и загрозување на животната средина. Согласно споменатите закони, против овие субјекти се поведени управно инспекциски постапки“, изјави за медиумите секретарот на општината, Александар Оџаков.

Инспекциските контроли ќе продолжат и следната недела. Освен правните субјекти ќе се контролираат и домаќинствата кои се под сомневање дека користат иверица за загревање. За време на Божик, Струмица според мерната станица на министерството за животна средина поставена во струмичката болница беше најзагаден град. Беа измерени концентрации 15 пати повеќе од дозволеното. Од Министерството информираа декастанува збор за пробни мереа и дека резултатите не се веродостојни.