Почетна Спорт

Македонските ракометари стартуваат против бронзените од последното светско првенство

Избраниците на Раул Гонзалез во 19:30 часот во Загреб, пред себе ќе имаат тешка задача да го совладаат тимот на Веселин Вујовиќ, кој важи за фаворит во денешниот дуел, но факторот изненадување секогаш е во игра.

Можеби вечерва за прв пат нашиот тим ќе успее да го започне мундијалот со победа. До сега имаме три порази и едно реми на стартот на првенствата. Во 1998. година стартувавме со убедлив пораз од Унгарија (29:20). На вториот настап, во Србија 2012. година, започнавме со реми против Шведска (26:26), за потоа да славиме победи против Полска, Србија и Словенија кога го освоивме петтото место, најдобар пласман во нашата историја.

На следните две Европски првенства, во Данска загубивме од домаќинот со убедливи 29:21, а истото ни се случи и во Полска каде игравме против Франција и забележавме пораз од 30:23. Нека биде вечерва првата победа за Црвено-жолтите.

Македонските херои имаат одиграно пет мегусебни натпревари со вечерашниот противник и имаме негативен ефект. Една победа, две нерешени и два порази е односот на силите со Словенците.

Да им посакаме среќа на нашите избраници и да го започнеме мундијалот со победа!!!