Почетна Струмица Њуз

Дел од моштите на Свети Василиј ќе бидат изложени во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица

Традиционално во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, пред големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, се изложуваат на поклонение дел од моштите на овој светец.

Моштите ќе бидат изложени вечерва, а верниците ќе можат пред нив да се поклонуваат во текот на утрешниот ден. Претходно во 16:00 часот ќе започне вечерната богослужба.

Во Струмица се сочувани дел од моштите на Свети Василиј и секоја година пред празникот се изложуваат.