Почетна Спорт

Струмичанецот Никола Ѓорѓиев со својот клуб во четвртфиналето на полскиот куп

Нашиот најдобар одбојкар Никола Ѓорѓиев напиша на својот профил за победата на неговиот клуб ОНИКО против Јастрзебски.

„Нашата цел беше да бидеме дел од најдобрите 4 тимови во Полска. Тоа беше навистина тешка игра за нас, Јастрзебски играше навистина добра одбојка но јас сум толку среќен што верувавме во оваа победа од почеток до крај и ние ја постигавме таа победа. Горд сум на моите соиграчи и цела организација на ОНИКО. Вчера испишавме нова историја, тоа е наше време“ – напиша Никола на својот фејсбук профил.