Почетна Инфоград

Јавен повик за зачленување во друштвото за заштита на животни „Animal Lovers“ – Струмица

Од здружението „Animal Lovers“ бараат вклучување на волонтери во здружението. Ви го пренесуваме во целост

Ние, постојните членови на здружението „Animal Lovers“, Ве покануваме да станете дел од нашиот мал тим. Нашиот број е едвај седум, а бројот на бездомни животни во градот е огромен, што објаснува зошто ни е потребна Вашата помош.

Акцент ставаме на членовите кои активно ќе помагаат на терен, т.е. ќе учествуваат во хранењето и лекувањето бездомни животни, но се разбира дека и пасивните волонтери се добредојдени (под пасивни волонтери подразбираме лица кои ќе помагаат во одржувањето на Фејсбук страницата на здружението, ќе бидат дел од организацијата на добротворни настани и сл.).

Доколку сте заинтересирани, слободно пишете ни во инбокс или јавете се на 076/201-031, 078/892-223 или 078/313-680 за да се состанеме и разговараме.