Почетна Спорт

Академија Пандев ќе учествува на најмасовниот турнир во млади категории

Академија Пандев ќе се натпреварува во ВИП делот со генерацијата фудбалери родени 2001 година и помлади, од 15 до 21 јули. Во овој дел од турнирот учествуваат 24 екипи од кои 12 од шведската Премиер лига и другите 12 од земји од целиот свет.  Во овој дел од турнирот играле тимови како Евертон, Њукасл, Црвена Звезда, Сантос Лагуна, Бешикташ, а победил тимот на Рајт то дрим од Гана. Финалниот натпревар се игра на стадионот Гамла Улеви кој е со капацитет од над 18 илјади места.

Минатата година на него учествувале 1.763 екипи од 82 држави од целиот свет, биле одиграни 4.349 натпревари и постигнати 19.081 голови. Се натпреваруваат момчиња и девојчиња на возраст од 11 до 18 години во седум возрасни категории.

Турнирот ГОТИА Куп има огромна традиција, постои од 1975 година и на него, меѓу другите, играле фудбалери како Алан Ширер, Чаби Алонсо, Андреа Пирло, Златан Ибрахимовиќ, Жулио Баптиста, Зе Роберто, Емануел Адебајор итн.  Академија Пандев ќе биде првиот македонски клуб во историјата кој ќе настапи на турнирот.

Сите трошоци за Академија Пандев се покриени од организаторот, бидејќи ќе се натпреваруваат во ВИП делот.