Почетна Вести

Нови цени на горивата од полноќ

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поскапе еден денар  и ќе изнесува 59,50 денари за литар додека бензинот Еуросупер БС-98 половина денар односно 68,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 не се менува, односно останува на 66,50 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,764 денари на 29,367 денари за килограм.