Почетна Вести

Струмичанка загина во сообраќајка во САД, повредени и сопругот и трите деца

Петчлено струмичко семејство кое живее во Чикаго настрада во собраќајна несреќа која се случи во државата Тенеси, Сад. Враќајќи се од Флорида, тие со својот автомобил излетале од патот, во близината на Нешвил и од силниот удар загинала 41-годишната Виле Д.

Како што информира полицијата од Тенеси несреќата се случила во четрврток попладне, а автомобилот во кој се наоѓале пет лица завршил надвор од автопатот.  Нејзиниот сопруг Д.Д. (44 години), кој управувал со автомобилот е со тешки повреди и е во критична состојба, а со сериозни повреди се и нивните три деца, синот на возраст од 13 и ќерките близначки од 3 години.

Покренета е иницијатива за финансиска помош на семејството, а преку веб страницатаwww.gofundme.com веќе пристигнуваат парични средства за семејството.