Почетна Спорт

„Генералка“ на македонските ракометари пред ЕП

Нашата машка ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во Белград против селекцијата на Србија ќе го одигра вториот контролен натпревар пред настапот на Европскиот шампионат во Хрватска.

За избраниците на селекторот Раул Гонзалез ова ќе биде и последна контрола откако вчера нашиот национален тим ја совлада Саудиска Арабија со 37:21.

По дуелот со Србија ракометарите се враќаат во Скопје, а по паузата за божиќните празници ќе ги одржат завршните подготовки пред заминувањето за Загреб на 12 јануари.

Да им посакаме среќа на нашите ракометари!!!