Почетна Струмица Њуз

Дечиња од Струмичката епархија со коледарска песна кај градоначалникот на Струмица

Дечиња од Струмичката епархија во пресрет на големиот христијански празник Божик и негувањето на традиционалните обичаи, ја испееја коледарската песна „Вечниот бог“, во општинската зграда пред градоначалникот Коста Јаневски. Градоначалникот на Струмица им посака се најубаво и им подари коледарски пакетчиња.

-Дечињата ни го разубавија денот, ни испееаја божиќна песна во пресрет на Христовото раѓање. Покажаа една убава традиција која што сакаме да ја негуваме, да ја продолжиме и да покажеме какви песни се пеат во духот на нашата религија, нашето православие и навистина ни причинија огромно задоволство, мене и на нашите вработени. Јас, сакам оваа традиција да продолжи како што треба, по исправен пат, во духот на нашата религија, во духот на православието и да се исчистат некои навики кои што можеби досега беа во некој друг правец, јас сакам тоа да го прифатиме и негуваме и во иднина да се гледаме за убави работи, рече градоначалникот Јаневски.

Отец Јаков од Струмичката епархија рече дека овој настан е во рамките на  иницијативата на МПЦ да се возобнови древното пеење коледарски песни кои се со христијанска содржина, кои го воспеваат и објавуваат Христовото раѓање, наспроти некои коледарски песни со деструктивна содржина во кои што не се ни спомнува Бог.