Почетна Струмица Њуз

Ограбена жена во влез од зграда во Струмица

Непознат сторител вчера на улица Ката Поцкова во Струмица физички ја нападнал Л.Ѓ. (55) од Струмица. Кога таа влегла во влезот од зградата се обидел да и ја земе торбата почнал да ја удира со раце во предлот на главата и телото. Таа паднала на подот и од падот се здобила со повреди на прстите на десната рака.

Напаѓачот ја одзел торбата во која што, според пријвеното, имало 76 илјади денари, 1.070 евра, женски сребрен накит и мобилен телефон.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.