Почетна Шаренило

„Божиќна Евровизија“ се одржа во Струмица

Tрадиционалниот новогодишен-божиќен концерт насловен „Божиќна Евровизија“ ги воодушеви синоќа присутните во Центарот за култура „Антон Панов“. ОКолу 80 ученици од СОУ „Јане Сандански“, под менторство на професорите Анита Станковска, Денис Кирчанов и Полина Ашикова,  во организација на Младинскиот Совет направија вистинско евровизиско шоу.

Присутните можеа да ги слушнат македонските преставници од страна на училишниот хор, а потоа и настапите на учесниците. И на годинешниот концерт, средствата собрани од влезниците ќе бидат за хуманитарни цели, а на самиот влез имаше и кутија за донација.

Меѓу присутните беше и градонаќалникот на Струмица, Коса Јаневски, кој е и покровител на концертот.