Почетна Шаренило

Д-р Ли: Трамп е ментално болен и претставува закана за човештвото

Професорката по психијатрија на Универзитетот Јеил, д-р Бренди Ли, предупредува дека менталната состојба на американскиот претседател Доналд Трамп е „заплеткана“ и дека тој претставува закана за човештвото.

Докторката, професорка и авторка на книгата „ The Dangerous Case of Donald Trump: 27 Psychiatrists and Mental Health Experts Assess a President“, одржала дводневен семинар на конгресмените, пред кои ја презентирала и менталната состојба на Трамп, со предупредување дека претседателот на САД претставува и здравствена закана за целиот свет.

„Од медицинска точка на гледање, кога ќе видите некој со ваква заплеткана психа, во прашање е состојба на итност. Никогаш во својот живот не сум видела толку големо ниво на катастрофално насилство кое може да го уништи човековото постоење“, истакнала таа.

Иако нагласила дека на психијатрите им е забрането да поставуваат дијагноза од далечина, таа предупредува дека образецот на однесување на Доналд Трамп: самољубие, закани, напади, самопрогласен експерт за секоја тема итн, претставува причина за загриженост.

„Нему многу му се допаѓа идејата да го користи насилството како потврда за сопствената моќ“, рекла д-р Ли и додала дека и републиканците се загрижени за неговото здравје.