Почетна Струмица Њуз

Искршена урбана опрема на струмичкиот плоштад

Засега непознати сторители искршиле повеќе жардинерии на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица. Утрово на повеќе места на плоштадот беше расфрлена уништената урбана опрема и земјата од неа.

Од ЈПКД „Комуналец“ велат дека се згрозени од овој вандалски чин и додаваат дека не е прв пат да се кршат жардинериите и да се уништува урбаната опрема.