Почетна Вести

Тој чуден Балкан…

Има еден дел од Европа кој се вика Балкан: каде живеат најубавите жени, а наталитетот опаѓа.

Каде невработените најмногу работат, каде на најплодната земја живеат луѓе кои најмногу гладуваат. Каде возовите доцнат. Каде сите играат фудбал, а победуваат во кошарка, ракомет, ватерполо или одбојка. Сите брзаат на работа, а никој не стигнува точно на време. Каде осумчасовното работно време трае дванаесет часови. Каде здравството е бесплатно, а лекувањето прескапо.

Каде новинарите се слободни да го напишат она што ќе им наредат. Каде јавните набавки се тајни, а државните тајни јавни. Каде војните никогаш не завршуваат. Каде историјата секојдневно се повторува. Каде најбогатите се оние кои никогаш не работеле. Каде луѓето слават слава, а пцујат по Бога.

Каде паметните заради неразбирање ги прогласуваат за лудаци, а лудаците за способни. Каде неписмените ја пишуваат историјата. Каде законите се незаконити, а анархијата нормална состојба. Каде се живее од иднината, бидејќи на сегашноста немаме право. Каде секој на секого се смешка, а никој на никого не посакува добро. Каде судските постапки траат предолго. Каде се почитуваат диктаторите, а за демократијата се мисли дека е данок за будалите. Каде мислат дека земјата ќе напредува ако повеќе назадува.

Па ти преживеј, ако си нормален. Среќа за државата е ако таквите ги има што помалку. Нормалните секако никому не му се потребни. А и самиот живот е најголем парадокс: живееме само за да умреме, ќе речат оние кои мислат дека времето е бесконечно, а власта бесмртна.

Ах, тој чуден Балкан…