Почетна Инфоград

Новогодишно-Божиќниот концерт на 4 јануари во два термини

Традиционалниот Новогодишен-Божиќен концерт годинава струмичани ќе можат да го погледнат во два термини на 4 јануари (Четврток), во Центарот за култура „Антон Панов“. Поради големиот интерес првиот концерт ќе започне во 19:00 часот, а веќе вториот е закажан за истата вечер во 21:00 часот.

На годинешниов концерт насловен „Божиќна Евровизија“,  публиката ќе може да ужива во најголемите евровизиски хитови  кои оставиле специфичен белег на светската музичка сцена, а во изведба на  учениците на СОУ „Јане Сандански. Целта за оддржување на два концерти како што велат организаторите е да се себрерат што повеќе средства за донации. Сите средства се наменети за финансиска помош при лекување на наши сограѓани.

Влезниците по цена од 100 денари за најновото издание на Новогодишно-Божиќниот концерт ќе се продаваат од среда, 27-ми декември. На влезот во НУЦК „Антон Панов“ и годинава ќе биде поставена кутија за дополнителни донации.