Почетна Струмица Њуз

Прво па машко во Струмица во Новата 2018

Првото новооденче во Новата 2018 година се роди една минута од почетокот на Новата година во (00:01) чсот. Новороденчето се со тежина од 3150 грама, долго 51 см, а на свет го донесе мајката Сања Христова од Дабиље, струмичко. Породувањето го изврши д-р Дончо Москов.

Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, ги посети првото родено бебе и мајката Сања Христова во Гинеколошкото одделение во Струмичката болница. Тој им подари штедна книшка со 20.000 денари и пригодни подароци, посакувајќи му на бебето да е живо и здраво, гордост на родителите и убави моменти во неговиот живот.