Почетна Вести

Новогодишната ноќ низ светот (Видео)

Со спектакуларни огномети и прослави на улици во градови ширум светот одбележено беше доаѓањето на Новата година, но некои градови од тоа направија спектакл на ниво на традиција.

Еве како се одбележа низ светот.

СИДНЕЈ

Сиднеј е првиот голем град во светот каде што доаѓа нова година и тоа традиционално се одбележува со импресивен огномет на пристаништето, за што придонесуваат и Оперската куќа и мостот Харбор.

За добар поглед, идеални се островите во пристаништето и парковите.

ДУБАИ

Бурџ калифа, највисоката зграда на светот, добива уште повеќе на атрактивност во новогодишната ноќ, благодарение на неверојатното пиротехничко шоу.

За оние кои сакаат помирен и посемеен пречек, тука е Бурџ плаза.

МОСКВА

Црвениот плоштад е студено место за нова година, но овој огномет сакат сите да го видат.

Со својот бар на покривот во типично гламурозен руски стил, хотелот „Риц-Карлтон“ е вистинско место за тоа.

ХОНГ КОНГ

Облакодери во комбинација со огномет нудат поглед што не се заборава. Огнометот што го осветлува пристаништето Викторија е придружен од музика.

Нова година се одбележува со огномети и прослави низ целиот свет, но некои градови од тоа направија спектакл на ниво на традиција.

Ако сакате да имате незаборавен влез во нова година, ова се градовите кои прават најдобри журки.

 

КЕЈП ТАУН

Како град кој ја има една од најубавите местоположби на светот, огнометот за нова година го прави уште поспектакуларен.

Ако сакате убава храна, проверете ја португалската кујна во „Маресол“, а неизбежна е и посета на виноградите.

ЛОНДОН

Темза и Биг Бен се секогаш извонредна сценографија за новогодишниот огномет.

Билетите за официјалниот дел бргу се продаваат, но тој може да се гледа и од неколкуте ридови во околина. Тука се и лондонските пабови, од кои некои датираат од 17. век.

РИО ДЕ ЖАНЕИРО

Овде Новата година се дочекува со неколку милиони луѓе на плажа. Главниот собир е на Копакабана, каде што, меѓу другите, концерт има и Бразилскиот симфониски оркестар, кој свири токму за време на огнометот.

ЊУЈОРК

Тајмс сквер е синонм за Нова година во Њујорк.

Други опции се Бруклин, Бронкс, Квинс и Стејтн Ајленд.

ЛАС ВЕГАС

Вегас е осветлен преку цела година, а за нова година уште повеќе полудува. На полноќ, некои од казината од покривот лансираат сопствен импресивен огномет.

Ако огнометот не ви е доволен, тука е шоуто на Дејвид Коперфилд.