Почетна Струмица Њуз

Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски (Видео)

Почитувани сограѓани,

Во последниот ден од оваа 2017 година ја имам честа да Ви се обратам и како ваш градоначалник, но пред се и како човек на кого му ја дадовте можноста да остави белег во средината во која заедно припаѓаме.

Оваа  година која веќе изминува, имаше и убави и помалку убави моменти. Без разлика кој како ги доживеал, кој низ што поминал, кој со што се соочил, сите случувања нека ни бидат еден заеднички патоказ кон изнаоѓање на вистинските вредности. Чекорејќи по него, да се обидеме да станеме и подобри и помудри и почовечни, а годината којашто ни претстои да ни биде просперитетна и година каква што сите посакуваме и заслужуваме.

Почитувани сограѓани,

Ноќта што е пред нас поминете ја со најблиските, со семејството и пријателите, со луѓето кои што имаат посебно место во вашиот живот.  Заборавете ги лошите спомени од годината која што заминува и посветете се на убавините кои животот ни ги носи.

Во новата 2018 година влезете со чувство на мир, радост и ведра мисла и врз нив градете го Вашиот живот. Спокојот нека биде нераскинлив дел од вашето секојдневие, а успехот ваша водилка за остварување на вашите цели!

Ви посакувам 2018-та да ви биде исполнета со здравје, благосостојба и лична среќа!

Бидете ми весели и насмеани.

СРЕЌНА НОВА 2018 ГОДИНА !