Почетна Инфоград

Градоначалникот Јаневски им ја честиташе Новата година на членовите од „Порака“

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, синоќа беше со членовите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ на традиционалната забава организирана по повод новогодишно – божиќните празници. Во претпразнична и пријатна атмосфера исполнета со взаемна и искрена другарска почит, си посакаа многу здравје, среќа и радост во Новата 2018 година.