Почетна Струмица Њуз

Донесен буџетот на општина Василево за 2018

Буџетот на општина Василево за наредната 2018 година, ќе тежи  194 880 000 денари и ќе биде помал за 50.000 евра помал од 2017 година.  Основниот буџет е проектиран на  околу 112 000 000 денари, а блок дотациите за училиштата и градинките изнесуваат околу 65 000 000 денари.

Според градоначалникот Јанев овој буџет  е развоен, реален и остварлив бидејќи е направен врз основа на потребите на граѓаните на општина Василево произлезени од разговорите со нив водени при посетите на населените места. Предвидени се  средства за враќање на рати за кредити и позајмици земени од претходната локална самоуправа“.

„Особено внимание е обратено на инфраструктурните проекти бидејќи тие се приоритетни за општина Василево за 2018 година, нагласи градоначалникот притоа прецизирајќи дека во фокусот на наредната година ќе бидат реконструкциите на водоводните системи во сите населени места, реконструкција на улиците и патиштата како и  изградба на фекална канализациона мрежа во поголемите населени места со приоритет на населените места Градашорци, Ангелци и Василево, рече Јанев.

Буџетот беше усвоен со мнозинството гласови на советниците од позицијата, додекасСоветниците од советничката група на ВМРО ДПМНЕ  ја напуштија седницата и не учествуваа во нејзината работа  со образложение дека тоа е во знак на протест за како што рекоа бесправно притворените пратеници и останати граѓани кои си ја сакаат татковината и најмалку од се се терористи.