Почетна УраКултура

Наградени ликовните творби на тема „Зима – семејство ипразници, снег и игра“

Доделени награди за ликовни творби по повод новогодишно божиќните празници од страна на Домот за деца и млади „ Благој Мучето“ Струмица, во соработка со основните училишта.

На тема „Зима, семејство, празници, снег и игра “ годинава пристигнале 150 творби , а беа доделени награди во двекатегории.

Светлана Мазгаловска Вучетиќ вели дека и годинава пристигнале прекрасни творби изработени од рацете на учениците од основните училишта од Струмица, Ново Село, Босилово и Василево.

Делата од учениците беа поставени во холот на Домот на АРМ.