Почетна Инфоград

Во ЕКО акцијата за генерално чистење на градот собрани се вкупно 1.358 метри кубни отпад

Во акцијата која се спроведе од шести до 24 декември беа опфатени улиците, јавните површини во три реони во градот  и дивите депонии, а чистењето се вршеше рачно и со механизација. Организаторите се задоволни од успешно завршената акција затоа што во неа успеаа да подигнат 1.358 метри кубни отпад, што е многу повеќе од пролетната акција во која беа собрани вкупно 744 метри кубни отпад. Но, за жал истовремено се и разочарани од појавувањето на истите проблеми, односно, јавните површини, посебно дивите депонии, повторно се полнат со отпад.

Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ упатуваат уште еден апел до граѓаните за посовесно однесување и поголема грижа во заштитата на животната средина. Наместо да го фрлаат отпадот било каде, можат да се јават во „Комуналец“ на телефонскиот број 034 325 909 по што истиот ќе биде подигнат од вработените во Јавното претпријатие.