Почетна Струмица Њуз

Новогодишна програма на ООУ „Видое Подгорец“

Првачињата при општинското основно училиште „Видое Подгорец“,  по повод Новогодишно божиќните празници подготвија богати програми во кои го покажаа својот талент и своето знаење. Тие на своите најблиски им ги честитаа Новогодишните и Божиќните празници и гласно го поканија Дедо Мраз да им дојде на гости.

Посакаа да им донесе многу подароци и да им ги исполни сите нивни детски желби, а ги имаа навистина многу. Дедо Мраз ја слушна нивната покана и пристигна во истиот час, а радоста и среќата на нивните детски лица беше неизмерна.