Почетна Инфоград

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата со активност за безбедност на учесниците во сообраќајот

Во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од општина Струмица и Секторот за сообраќај при СВР Струмица, во соработка со учениците од сообраќајната секција при општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица, се реализираше сообраќајно-едукативна акција за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот. На возачите и пешаците им беа поделени флаери со пораките „Вози одговорно! Животот е во твоите раце“, „Младост без лудост“, „Шампионите возат одговорно“, а некои учесници  добија и црвен картон, со едукативна содржина. Акцијата е дел од кампањата на Републичкиот совет за БСП, насловена „И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“.

Оваа активност се вклопува во координација и корелација со акциониот план на сообраќајната секција при општинското основно училиште „Маршал Тито“, која е составена со ученици од мешан етнички состав и работи во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка со општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци.