Почетна Струмица Њуз

Усвоен Буџетот на општина Струмица за 2018 година

За седум отсто ќе биде зголемен буџетот на општина Струмица наредната година, од кои 48 отсто од парите во Буџетот за 2018 , општината ќе треба да ги обезбеди сама.

За градоначалникот Коста Јаневски основниот буџет е реален и развоен, додека  според советниците на коалицијата „За подобра Македонија“, програмата за Буџетот за 2018 е препишена од претходните години, со само неколку нови проекти.

Според проекциите 9,4 милиони евра пари што општината треба да ги обезбеди, 57 отсто ќе одат за капитални инвестиции или околу 5 милиони и 300 илјади евра кои се наменети за 30 тина развојни програми и стотици проекти за идната година.

Буџетот на општина Струмица за 2018  беше усвоен со 13 гласа за, ниту еден против и 7 воздржани.