Почетна Инфоград

Утре прекин на струјата во делови од градот и струмичката околина

Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, од „ЕВН Македонија“ известуваат дека  на ден 22.12.2017 година (петок), без електрична енергија ќе останат од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул.5-ти Ноември и улиците Јајце, Битолска, Светозар Марковиќ, Ѓуро Ѓаковиќ и Ванчо Прке .

Исто така од 09:00 до 15:20 часот, без електрична енергија ќе останат и корисниците од с.Костурино, Елас Раборци, викенд населба во с.Раборци, с.Мемешли, с.Орманли и Дорломбос, Рудник Огражден и погон Мемешли, како и  корисниците од Ново Село:  с.Смолари, с.Старо Коњарево, с.Дражево и викенд населба во с.Смолари.