Почетна Вести

Денешниот ден е посветен на Свети Јоаким и Ана

Овој ден е посветен на добротворството и мисионерството и според верувањето денеска треба да се подари нешто. Бидете милостиви, но не со гордост и надменост туку со смиреност и почит кон оној на кого се подарува. Доблеста не е доблест, ако тоа се меша со гревот, како што се млекото не е млеко, кога се меша со гас или оцет, поучува црквата.

Таткото на Јоаким се викаше Варпафир и беше родум од Јудиното племе, а потомок на царот Давид, а Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од Левиевото колено. Тие ја добија ќерка си Марија на стари години, после 50 години брак и по нивните долги и топли молитви. Инаку, самите доживеаа длабока старост свети Јоаким се упокои на 80, а света Ана на 79 години, пишува Библијата.

Црквата ги слави светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог. Уште попрецизно, Црквата се сеќава со радост на зачнувањето на онаа што подоцна ќе ја слават сите родови како Богородица. Во таа смисла, светите Јоаким и Ана, црквата ги нарекува богоотци.

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 декември.