Почетна Спорт

ФK Мак-Струмица Јуниор ќе учествува на турнир во Бугарија

За само четири месеци работа новоформираниот клуб ФК МAK – Струмица Јуниор  веќе наредната година ќе се натпреварува со екипи од Бугарија, Србија, Грција и Македонија на турнирот во Сандански соседна Бугарија, во Февруари наредната година. Ова е големо искуство за нашите млади фудбалери, велат од клубот.

„ Ние сме многу задоволни како се развиваме досега овие четири месеци, задоволни сме од начинот на работа, од младите фудбалери во сите генерации од 2004 до 2011. Изигравме неколку натпревари в овој период откако постоиме во кој постигнавме одлични резултати. Задоволни сме пред се  од тоа што го прикажуваат нашите фудбалери на теренот. Во Бугарија ќе одиме да се натпреваруваме, да се надигруваме и да собираме искуство. Ќе учествуваат над 60 екипи од различни земји и за нас тоа ќе значи големо искуство и пред се стекнување самодоверба. Веќе имаме најава за уште еден голем турнир следното лето, но сеуште не е прецизирано, рече тренерот Христов.

ФК МАК – Струмица Јуниор веќе утре ќе го одработи и последниот тренинг за оваа година, по што ќе следи одмор за новогодишните и божиќни празници.

„Веќе од средината на Јануари почнуваме со тренинзи во сала, како подготовка за турнирот во Февруари. Наш приоритет за следната година ќе биде учество на силни турнири и голем број на натпревари. Ќе земаме учество со сите генерации и во детската лига под капата на ФФМ. Сигурни сме дека резултатот ќе го има ако се работи правилно, истакна тренерот Коче Чачев.

Од клубот најавија дека во иднина се планира и проширување на стручниот штаб.